AdBlue OFF

 Добредојдовте на сајтот на MaxChip ние ви нудиме професионалнa услугa на AdBlue OFF и тоа на автомобили, камиони и автобуси. Ние во MaxChip располагаме со најмодерна технологија за модификација (remapping) на сите возила  , со стручното и професионално знаење ви гарантираме за добивките.  

AdBlue се користи во процесот наречен селективна каталитичка редукција (SCR), тоа е напредна технологија инсталирана во системот за издувни гасови. AdBlue е течност (направен од уреа и  прочистена вода), кој се инјектира во издувните гасови и служи за чистење на издувните гасови пред  да влезат во атмосферата, тоа е во суштина чистење и намалување на штетните гасови. Растворот  AdBlue во допир со штетните азотни оксиди од издувните гасови ослободува  безопасна вода и азот .  Тоа специјално се користи за намалување на емисијата на азотни оксиди од издувните гасови на  дизел возилата. AdBlue сега широко се користи и е основен услов за многу видови на јавен превоз,  вклучувајќи автобуси, камиони и други модели на дизел автомобилот. Некои сопственици на  автомобили па скоро и да не знаат дека нивниот автомобил користи  AdBlue а тоа без правилно  одржување може да доведе до многу проблеми.

 Нашиот дизел remapp MaxChip може да ви помогне во решавање на овие проблеми. SCR системот е  многу чувствителен на потенцијални хемиски нечистотии од кои постои ризик за оштетување на SCR  системот. Тука спаѓа и неможноста да се стартува поради ниското ниво  на AdBlue течност во вашиот  резервоар и т.н.. Потрошувачката на AdBlue е обично околу 3% - 5% од употреба на дизелот (околу 1  до 2 литри на 100 км) кои создаваат огромни трошоци а истиот може да се одстрани со MaxChip  remapp. Со репрограмирање на ECU-то може да се намали потрошувачката на AdBlue во вашиот    камион или автомобил или целосно да се оневозможи функција. Во истиот момент со remapping ECU може да се зголеми економичноста на гориво и зголемување на вртежниот момент. Ова е дел од нашите remapping ECU услуги . За повеќе информации контактирајте со нас за да дознаете повеќе детали околу  AdBlue отстранување на вашето возило.                

 КОНТАКТ