DPF OFF


Кои се нашите опции?

Ако вашата сијаличка за DPF или сијаличката за предупредување против загадување  е активна, немојте да ја игнорирате ! Побарајте професионален совет,  разгледајте ги внимателно вашите опции за решавање на проблемот,  а ако го сметате како незначаен проблем тоа може да ве чини многу повеќе во дополнителната сметка за поправка. Но не заборавајте дека може да биде и опасно.
Ако од време на време DPF предупредувачките светла се активни вашиот DPF веќе значително е блокиран. Вие сте принудени да го регенерирате во сервис или "регенерација на автопат" но не е сигурно дека ќе се реши проблемот, овие претходни опции се само превентивнао одржување. Тоа значи дека во оваа фаза ги имате следниве опции:

  • DPF-OFF софтверска калибрација (трајно решение)
  • DPF  Регенерација (привремено решение) 
  • DPF Замена (трајно решение $$$)
  • DPF Чистење (привремено решение)

Идеаленото DPF решение за вас зависи од вашите околности, на пример, Тип и состојбата на Вашето возило, вашата употреба, вашите идни планови односно дали имате намера да го задржите или да го продаде возилото, од вашиот буџет и итн..



                                             

                     -Дали сте имале проблеми со DPF ?
                  -DPF или Anti-Pollution сијаличка на вашата инструмент табла?
                -Автомобил е во режим на “limp home” безбедносен режим ?
              -Споро  забрзување и зголемена потрошувачка?
            -Се соочувате со скапи трошоци за поправка и замена на DPF?
          -Збунети сте околу тоа кое е најдоброто решение за вас?

Проблеми со DPF

 

Ако регенерацијата не функционира како што треба , тоа доведува до зголемување на саѓи што влијаат на перформансите и потрошувачката на гориво, тоа ќе резултира со блокиран DPF што во крајна линија може да предизвика многу скапа штета на други делови на моторот. Блокираниот DPF исто така е потенцијално опасен, тоа може да предизвика прегревање на системот за издувни гасови и да предизвика ризик од пожар. За да се спречи оваа штета повеќето нови возила ќе одат во "Limp Home" (безбедносен режим) во оваа фаза, тоа значи возилото е со минимална моќност но доволно да стигне безбедно до дома.
За да се случи регенерација се бара од возилото да се вози во некоја брзина на отворен пат ,на пример возење на автопат , обично се вози со околу 2500 вртежи во минута за приближно 15-30 мин најмалку еднаш месечно, тоа ќе го одржува системот да работи.
Многу дизел возила, главно се користат во урбаните средини или на кратки релации на пример : такси возила,  превоз до училиштето на вашите деца, старт –стоп во урбаната гужва  и сл, а многу од нив имаат автоматски менувач, така што возилото не добива шанса да се загрее доволно и не е во можност да се спроведе целиот процес на регенерација.
Дури и ако функционира Регенерација како што треба, со текот на времето остатоци од пепел ќе се задржат во DPF кое што на крајот резултира со блокирање  DPF филтерот. Од оваа причина DPF е класифициран како сервисна точка од производителите на возила исто како гуртни или филтри за воздух и слично и не е опфатен со гаранцијата. Затоа DPF системот  треба да се одржува правилно

ШТО Е DPF ?

DPF (Дизел Филтер за Честички), исто така е познат како FAP на некои француски возила, тоа е уред вграден во системот за издувни гасови на модерните дизел возила за намалување на емисиите на штетни гасови и приближување кон европските стандарди. Тоа го прави со задржување на саѓите (честички - PM) од издувните гасови, додека другите гасови непречено  течат низ системот.
Секој тип на филтер а исто така и филтерот за честички треба да се исчисти за да функционира правилно. На овие (DPF) филтри за честички тоа се прави преку процес познат како регенерација која вклучува повеќе функции на катализаторот во системот преку палење на саѓите со гориво на многу висока температура оставајќи зад себе остатоци на Пепел во DPF. Регенерација треба да биде автоматски процес што се одвива во нормална употреба на вашето возило, тоа може да се забележи во форма на експлозија од бел чад кој се формира на цевката за издувни гасови.
DPF системите се употребуваат во патнички автомобили и лесни комерцијални возила од околу 2003 година, во рамките на подготовките за Евро 4 (2005) во Пежо, Рено и БМВ одлучија да го превземат. Но EURO 5 стандардот (2009) го направи задолжително за сите дизел автомобили и лесни комерцијални возила  да бидат опремени со DPF системот. EVRO 6 стандардот (2014) овие мерки ги поткрева на повисоко ниво .

Што друго треба да се знае

-Ова  е често поставувано прашање.  Ми рековте дека треба  да направам регенерација  по автопат за да го прочистам  DPF ,но тој повторно свети . Ве молиме имајте предвид ! Ова е само делумно точно. Ако DPF е блокиран  т.е. го има надминато  капацитетот за регенерација или DPF e физички блокиран поради остатоци од пепел но без да се изврши интервенција во софтверот (DPF-OFF), ќе се направи поголема штета на вашиот мотор.
-Некои возила имаат поставено DPF или Emissions или Anti-Pollution предупредувачко светло. Тоа е одлично, но сепак многу од автомобилите ја имаат само сијаличката за моторот . Важно е да се провери со дијагностика зошто сијаличката е вклучена. Не се препорачува едноставно да се исклучи (избриши грешката)  без спроведување на контрола за причината .
-Некои PSA мотори како што се Пежо, Рено, Форд, Волво и Нисан имаат Fuel Additive System систем за додавање на адитив во горивото кој е поврзан со DPF. Тој служи за да му помогне на DPF  за регенерација. Важно е да се задржи овој систем и секогаш да е наполнет  до врвот со течноста , ако не ќе го блокира вашиот  DPF. Гледано од наше искуство тоа често се запоставува , дури и од главните сервиси и сето тоа поради големите трошоци. Ако сакате да го отстраните вашиот  DPF оваа функција не е потребна и може безбедно да се исклучи.
-DPF системот се наоѓа во близина на турбината, ако поради некоја причина преку турбината протекува масло или нафта може да помогне да го блокира DPF. Така блокиран DPF може да ја оштети турбината поради зголемениот притисок во издувниот систем.
-Работата со DPF е комплексна и треба да се врши само од страна на искусни професионалци со соодветна опрема . За да DPF биде успешно остстранет без понатамошни проблеми тоа треба да се направи со соодветна рекалибрација или репрограмирање на ECU-то (Engine control unit) на возилото. Тој не е можно да се избрише по електронски пат или само со отстранување на DPF системот без репрограмирање на ECU-то.
-DPF системот е тесно поврзан со другите компоненти. Ако овие компоненти не функционираат правилно , тие можат да помогнат да се блокира DPF.Блокиран DPF може да ги оштети овие компоненти како што е примерот со зголемениот притисок во издувниот систем.
-Досегашното искуство покажува  дека многу гаражи вклучувајќи и некои главни сервиси немаат доволни познавања околу DPF системот  и прашањата поврзани со истиот. Ние често гледаме клиенти кои откако ќе потрошат многу пари на погрешни поправки утврдуваме дека DPF-от не е правилно дијагностициран.
- DPF или филтерот за дизел честички е дизајниран со добра намера т.е за да се намали емисијата на штетни гасови и за да ни понуди подобра животна средина. Главната цел на DPF системот е : да ги прифа саѓите во урбаните области, а потоа да се регенерираат на отворен пат, за жал ова не секогаш фунционира исправно и поради тоа води до скапи поправки.
-Факт е дека DPF системот е направен со скапи минерали како Платинум, тоа е потребно за да го задржи вишокот на гориво во процесот на регенерација. Но на крајот задржаните честички и пепел мора да одат некаде т.е назад во животната средина. Затоа многумина сега се сомневаат во целокупната еколошката вредност на целиот систем.