Chiptuning

   Добредојдовте на сајтот на MaxChip. Ви нудиме професионални услуги на ChipTuning: Eco-Tuning, Power Tuning, Optimum Tuning на автомобили, мотори, камиони и различни видови на машини , сето тоа во соработка со Германска компанија која е лидер во chiptuning индустријата . Ние во MaxChip располагаме со најмодерна технологија за модификација (remapping) на сите автомобили, со стручното и професионално знаење ви гарантираме за добивките.
Времетраењето на целата постапка на TUNING може да трае од 1 час до 5 часа. Тоа зависи од комплицираноста на ECU-то (централната управувачка единица) на моторот 

ChipTuning или remapping е сигурен начин да се зголеми ефикасноста на вашето возило. Тоа е комплетно безбеден процес за додавање на подобри перформанси на моторот  што требаше да бидат применети уште при оригиналното програмирање. Секој мотор си има свои уникатни карти. Со прилагодување на овие карти или мапи можеме да извршиме прецизно одредување на карактеристиките на моторот , започнувајќи со поголема сила и во многу случаи штедење на гориво. Производителите на автомобили се принудени да ги состават овие програми (софтвери) според одредени критериуми и со значителни резерви. Тука можат да се вбројат нестандардни горива, екстремни температури, различни надморски височини, различни закони за емисија на штетни гасови, различните закони за царински и даночни давачки, па дури и можноста дека возилото не може да се сервисира во овластен сервис во согласност со упатствата препорачани од производителот. Remapping ECU се изведува со читање на податоците (најчесто преку OBD-port но не е редок случај и директно на ECU-то) што се наоѓаат во ECU-то кои служат за обработка на податоците од различни параметри во самото ECU како што се: притисок на гориво, зголемување на притисокот во турбо полначот (на возила со турбо полнач), степенот на палење и контрола на педалата за забрзување при тоа  моторот да ги постигне саканите перформанси.



Заштеда на гориво со Tuning

ECO TUNING 
ECO tuning ги опфаќа само дизел моторите. Најчесто се применува на камиони, автобуси, такси возила т.е на возила што возат многу километри. Со ECO tuning потрошувачката на вашето возило се намалува за 10%а во некои случаи и до 20% . Притоа не се губи на снага на моторот во спротивно се зголемува обртниот момент за околу 5 - 10% и сето тоа при низок обртен момент. Тоа значи дека со ECO tuning ја намалуваме потрошувачката на гориво , а снагата на моторот ја зголемуваме. 




Оптимален remapp

OPTIMUM TUNING
Optimum tuning е најчесто користен од клиентите тој е наједноставен, најсигурен и најевтин начин со кој можете на вашето возило да му додадете дополнителна сила. Во зависност од видот на моторот (дизел, бензин, турбо дизел, турбо бензин) зависат и придобивките од chiptuning. Со Optimum tuning перформансите на моторот се подигаат до оптимални граници и тој нема лошо влијание на моторот. 



WV Golf 1.9 TDI 90 HP MaxChip remapp ECU

POWER TUNING
Power tuning е исто тоа што и optimum tuning само што со него се извлекува максималната снага на моторот што може да се направи преку софтверска преработка. Кога се работи Power tuning снагата на моторот се подига од 30 -35%.Но во овој случај се намалува издржливоста на моторот т.е. се намалува неговиот век, а тоа најмногу зависи од начинот на возење.