ECU Tuning Protection



Овој начин на репрограмирање ECU-то не го детектира како обид за програмирање преку OBD портот, а исто така ја прескокнува проверката на checksum. Се уште не постојат 100% безбедни тунинг алатки кои можат да ја решат ова безбедносна проверка ако ECU-то има "Tuning заштита". Затоа најбезбедно во тој случај е , да се извади ECU-то надвор од возилото за да се отвори и да се изврши програмирање. Како што се развива chiptuning индустријата, се повеќе и повеќе клиенти ќе имаат тенденција да бидат привлечени кон неквалификувани и со низок квалитет за ниска цена да добијат chiptuning производи, а тоа ќе резултира со мали или големи проблеми во нивните возила, со што во некои случаи ECU-то ќе биде потешко да се врати во оригиналната состојба, па дури и ако се отстрани ECU-то од возилото. Повторно, ние силно ви препорачуваме да користите chiptuning производи кои што се квалификувани за хардвер и Софтвер, дури и ако тоа не е MaxChip, за вашето возило да даде со подобри перформанси а сето тоа да биде безбедно за вас и вашето возилото.


Што е ова "tuning protection" многу луѓе се прашуваат што е ова. Еве кратко објаснување за тоа. Во овој дел ќе се задржиме на "tuning protection" за процесорите на Infineon TriCore TC-серијата (BOSCH MED17 /EDC17) На CR TDI и 1.8 / 2.0 Turbo бензински мотори со најновата генерација BOSCH ECU MED17 за бензините, EDC17 за дизел-мотори.

BOSCH спроведе некои нови безбедносни мерки за да го заштитат новиот автомобил после продажбата од повторно репрограмирање на податоците во ECU-то. Во доцните 80-ти во BOSCH првично почнаа да користат различни checksums а сето тоа за да се провери интегритетот на податоците во содржината на ECU-то од моторот. Првично тоа беше само еден едноставен додаток за проверка, каде што се пресметува збирот на сите бајти во датотеката која е зачувана на одредено место. Подоцна, тоа се користи за заштита на податоците од неовластени модификации. На пример, ME7.5 ECU (1.8 Turbo) содржи околу 70 различни checksum блокови, а вредностите на резултатите се филтрираат преку различни функции за да се добие безбеден метод на проверка на интегритетот на податоците. Во истото време, BOSCH започнале да го користат за контрола на пристап од надворешно репрограмирање на ECU-то (тоа е она што ние го нарекуваме OBD-port).Се разбира, chiptuning индустријата се обидува да се заштити и да ги реши овие нови методи за корекција на checksum, сето ова за да го овозможат OBD репрограмирањето  на овие ECU. Пред околу 7-8 години, BOSCH почна да користи RSA кодови за контрола на содржината во ECU-то. Најпрвин, само 256bit RSA, потоа 512bit RSA код, и во денешно време, на овие нови ECU, тоа е 1024Bit RSA код или во некои случаи и 2048Bit RSA код. Тоа е нешто речиси невозможно да се репрограмира со традиционалните методи. Овие кодови се уште не се решени, и поради тоа тјунерите мораше да најдат други начини за програмирање на ECU-то.



Кога за ECU-то од семејството на MEDC17 беше пронајден програмски алгоритам тој првично се провери во реални услови и ги исполни бараните стандарди. Оваа "Tuning заштита", како што обично се нарекува, значи дека оваа OBD порта е затворена, и ECU-то секогаш ја проверува валидноста checksum по секој OBD обид за програмирање. Ако checksum не е валиден, процесорот поставува сопствена ознака во меморијата на ECU-то, која спречува стартување на моторот а со тоа понатамошно движењето. Нашата опрема и алатки може да ја открие оваа функција само со читање на ECU-то преку OBD. Овие проблеми се случуваат и на некои скапи алати т.е. имаат проблеми со започнувањето на пишување на софтверот во ECU-то. Тоа е причината зошто, сега за сега, на овие заштитени ECU, ние треба да го отвориме самото ECU и да го користиме процесорот за читање и пишување на софтверот во процесорите од серијата TC17xx, која овозможува да го подигнете и ресетирате ECU-то во секој даден момент а сето тоа преку пиновите на матичната плоча.