EGR OFF


Што е EGR?
Тоа е широко прифатен систем за намалување на емисиите на NOx тоа е Рециркулација на издувните гасови (EGR). Ова подразбира котролирана рециркулација на издувните гасови од моторот што се враќаат во воздухот. Овој вентил се користи за контрола на протокот на гас, а исто така и вентилот може да се затвори целосно ако е потребно (поради собирање на саѓи).

 

EGR Решение

Ние имаме напредно решение за EGR. Вентилот може да има големи наслаги од јаглерод. Ова предизвикува слаб или прекинат проток на гас а со тоа се предизвикуваат грешни кодови и моторот не работи правилно. Нашето софтверско решение за исклучување на EGR вентилот е едноставен и ефективен метод за подобрување на ефикасноста на вашиот мотор.

 

Кои се придобивките?
Современите мотори рециркулираат некои од нивните издувни гасови назад во моторот, со цел за намалување на емисиите на штетни гасови. Ова е главната придобивка од EGR системот. Недостаток е дека издувните гасови содржат јаглеродни наслаги и постојано кружат низ моторот а со тек на времето предизвикуват зголемени јаглеродни наслаги во вшмукувачката гранка (усисна грана) .Овие наслаги понекогаш придонесуваат за неуспехот на самиот EGR систем. Замена на EGR вентилот може да биде скапо решение, а  во случај кај возилата со поминати многу километри на моторот со континуирано таложење на јаглерод тоа може да доведе до дефект на моторот. Отстранување на системот за EGR со затворање на влез од издувни гасови и репрограмирање на софтверот од ECU ќе резултира со намалување на температурата на моторот, подобрување на работата на клапната за довод на воздух и поголема економичност. Отстранување на EGR системот може да го продолжи работниот век на моторното масло со намалување на загадувањето од јаглеродни наслаги.