OBD remapping





Што е OBD?

On-board дијагностика, или OBD, е автомобилски термин кој се однесува на авто-дијагностика со можност за известување за случувањата на останатите подсистеми во возилото. Приказот на дијагностички информации достапни преку OBD варира во голема мера од воведувањето на компјутери на командната табла на возилото после 1980те години кои информации се достапни преку OBD. Во почетокот примери за OBD се само сијалички што претставуваат дефект или MIL,  во тој случај и ако проблемот е откриен  тоа нема да ги обезбеди сите потребни информации во врска со природата на проблемот. Модерните системи на OBD користат стандардизирани дигитални комуникациски порти за да се обезбедат податоци во реално време дополнети со стандардизирана кодови за грешки наречени DTC кои овозможуваат на еденставен и брз начин да се идентификуваат и поправат  дефектите во возилото.OBD системот на сопственикот на возилото му обезбедува рано предупредување за дефектите преку командната табла со светлосна информација "Провери го мотор" (исто така познат како светло за неисправнст или MIL). Со давање на рана информација сопствениците на возилото преку OBD системот не само што ја заштитуваат животната средина тие ја контролираат и потрошувачката а со идентификување на ситни проблеми пред да станат големи ги намалуваат сметките за поправка.

Што е OBD Tuning?

Во тјунинг индустријата на мотор често се користат три фрази, тоа се: "OBD Tuning", "Chip Tuning" и "ECUremapping". OBD претставува комуникација со ECU преку  дијагностчката порта.  Многу е важно да му се даде смисла на овој збор порта , бидејќи без порта OBD не би постоел , исто како што не постои во 1980-тите. Што би значело " OBD port tuning " или " OBD port remap ' тоа е подесување на моторот или повторно картирање (re-mapping) на моторот преку употреба на OBD портот  од автомобилот. OBD всушност ни  помага да си ја завршиме својата работа брзо и сигурно, со тоа го скратуваме времето на re-mapping и ги избегнуваме непотребните интервенции на ECU-то .

Што е OBD port ?

OBD  порта (On-Board Diagnostics) во основа е приклучок на возилото кој може да се поврзани со авто-дијагностики уред. OBD портот на сопственикот или на стручно лице кое што е обучено за авто дијагностика им овозможува пристап до информации кои се однесуваат на состојба на различните под-системи во возилото.