Што е remapping ECU ?



ECU remapping



Што е ECU (електронска контролна единица)?

Оваа управувачка единица на моторот може да се опише како "мозок" на возилото. Таа содржи процесор кој ги зема потребните информации од различните сензори што се поставени на моторот. Процесорот врши анализа на собраните информации како што се температурата на моторот, позицијата на педалот за гас, содржината на кислород во изгорените издувни гасови, како и многу други параметри. Со користење на ваквите информации собрани од овие сензори тој може да го додаде вистинското количество на гориво во вистинско време за да се обезбеди добар микс на гориво за подобра економичност, подобри перформанси контрола на издувните гасови и т.н.
Кога производителот развива нов автомобил, тој треба да ги земе предвид сите услови во кој што автомобилот може да биде изложен. Тоа би значело во сите региони во кои тој има намера да го продаде овој модел. Тука можат да се вбројат нестандардни горива, екстремни температури, различни надморски височини, различни закони за емисија на штетни гасови, даночните давачки при увоз па дури и можноста дека возилото не може да се сервисира во овластен сервис во согласност со упатствата препорачани од производителот. Ние треба да се направиме оптимизација на самата програма (софтверот) за да ECU-то ги земе предвид овие различни услови за работа.

Remapping ECU се изведува со читање на податоците што се наоѓаат во ECU-то кои служат за обработка на податоците добиени од различни параметри во самото ECU како што се: притисок на гориво, зголемување на притисокот (на возила со турбо полнач), палењето и контрола на педалата за моторот да ги постигне саканите перформанси. Тоа е комплетно безбеден процес за додавање на подобри перформанси на моторот  што требаше да бидат применети уште при оригиналното програмирање. Секој мотор си има свои уникатни карти. Со прилагодување на овие карти можеме да извршиме прецизно одредување на карактеристиките на моторот , започнувајќи со поголема сила и во многу случаи намалена потрошувачката на гориво.



Што всушност менувате во моето возило?

Ние не менуваме никаков хардвер (дел) во Вашето возило, само ги менуваме работните параметри во софтверот на ECU-то. Во многу случаи картите се зачувани во самиот процесор на ECU-то и во тој случај не може да се пристапи преку приклучокот за дијагностика OBD (On Board Diagnostics) во возилото. Ова се случува во некои понови модели на ECU. Во тој случај ECU-то ќе треба да се отстрани од возилото за да може се отвори , потоа се користат специјални алати за да ја прочитаме оригиналната карта директно од процесорот ова се нарекува CMD flasch.
Така обработените карти одат на понатамошно мапирање или репрограмирање на параметрите за зголемена сила , зголемена економичност или комбинација од двете. Во зависност од типот на возилото и ECU-то, процесот на читање и пишување на процесорот зависи од самиот тип на процесор. Но ако Вие во било кое време сакате да се врати Вашето ECU во неговата оригинална состојба, може да се направи лесно, затоа што ние секогаш ја чуваме копијата од оригиналниот софтвер- како резервна копија (backup)



Разлика помеѓу ORG и MOD фаил

Предности од ECU remapping (репрограмирање)

Со re-maping на ECU-то не само што ќе се подобри силата на моторот и вртежениот момент (како што е прикажан на сликата) , ќе се подобри и реакцијата на педалот за гас и ќе се зголеми вкупната сила на моторот. Ова ќе се постигне со поголема линеарна сила, а за возврат ќе добиете почувствително,пофлексибилно и поинтересно возило. Во неки случаи максималната снага на возилото е ограничена од страна на производителот и тоа само за производителот да се обезбеди дека возилото ќе се вклопи во класа која што ќе одговара на пазарот. Како вљубеник во возење, вам не ви треба или не сакате такви ограничувања кои се поставени врз вашето возило од страна на производителот. Во тој случај можете да имаате корист од скриената моќ и вртежниот момент кои се ограничени во рамките на вашиот систем за управување со моторот.

 


Придобивки на турбо дизел мотори од ECU репрограмирање

Многумина  гледаат на новите турбо дизел автомобили  како иднина на chiptuning. Дури и во Северна Америка, каде што знаеме дека се  познати по својата љубов на бензинските мотори веќе од поодамна ги забележаа придобивките од турбо дизел моторите, особено кај патнички возила. Овие мотори нудат фантастичен потенцијал на сигурен  chiptuning за ниска цена, без додатно да се наруши удобноста и ефектот од турбо дизел моторот како што се: економичноста, сигурноста и долговечноста.
После re-maping на вашиот турбо дизел мотор, ќе уживате во: зголемените коњски сили ,зголемениот вртежен момент, подобар одговор на педалата за гас, линеарна или рамномерна сила на располагање ,подобрена економичност на горивото ,безбедно претекнување и т.н.


Придобивки на турбо бензин мотори од ECU репрограмирање

Турбо бензинските мотори секогаш се сметат како спортски предводници и тоа со добра причина. Тие имаат многу поголема моќност и вртежен момент  споредени со податоците на не-турбо (атмосверски) моторите. Турбо моторите со слична зафатнина на моторот вообичаено производителот ги поставува како предводник на тој модел, кои исто така се идеални за репрограмирање на ECU-то, кое како и кај дизел моторите има главна улога во контролата на параметрите на моторот.
По извршената  ECU надградба на вашиот турбо бензински мотор, ќе уживате во:
зголемените коњски силизголемениот вртежен моментподобар одговор на педалата за гаслинеарна или рамномерна сила на располагањебезбедно претекнување


Придобивки на не-турбо атмосверски бензински мотори од ECU репрограмирање

 Нормално е дека атмосверските бензински мотори не се ни малку едноставни за chiptuning , но со внимателна работа и прецизно подесени карти се уште може да се добие од 10-15% поголема сила со зголемен вртежен момент . Параметри како што се кривата на гориво и кривата на палење може со прецизно подесување да се добие поголема сила и вртежен момент а на некои мотори и времето на брегастата осовина може да биде подесено во самиот софтвер давајќи дополнителни подобрувања.


Во многу случаи, после промена на некои значајни делови на моторот како што се: промена на издувниот систем, поголем проток на воздух,преработена или променета брегаста осовина, тоа може дополнително да придонесе за подобро искористување на перформансите на моторот. Со приспособувања на софтверот на ECU-то може да се добие поголемо искористување на перформансите на моторот. Со внимателна рекалибрација на вистинските карти може да се зголеми потенцијалот на новите делови од моторот, за понатамошно зголемување на силата.